Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани и неговиот политички опонент Абдула Абдул денеска потпишаа договор за формирање на влада и поделба на власта.
Според договорот Абдула ќе раководи со Високиот совет за национално помирување, а дел од неговите сопратијци ќе бидат дел од владата.
Авганистан е во политичка криза откако Абдула во септември минатата година одби да ги признае резултатите од претседателските избори. И Гани и Абдула имаа церемонија за стапување на должност претседател на Авганистан во март годинава.