Франција реагира на отворањето на италијанските граници и укинувањето на карантинот за странците

Од:

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер реагираше на повторното отворање на италијанските граници за туристите од земјите-членки на Европска Унија и укинувањето на задолжителниот карантин за странските посетители.

Според него, од суштинско значење е да се координираат одлуките за повторно отворање на границите во рамките на европскиот простор, жалејќи што тоа не е случај, по одлуките на Шпанија и Италија, јави дописникот на МИА.

– Од суштинско значење е да можеме да имаме координирани одлуки на европско ниво, особено за шенген зоната. Ова не е случај денес, истакна францускиот министер за внатрешни работи.

Кастанер посебно реагираше на повторното отворање на границите на Италија за туристите од ЕУ и укинувањето на задолжителниот карантин за странските посетители на полуостровот, што денеска го најави Рим.

– Едностраната одлука на Шпанија оваа недела и изутринава на Италија не е во насока на она што треба да го направиме за да работиме во солидарност. Ќе имам можност да разговарам со мојот (италијански) колега во текот на викендот, за да можеме да ги прилагодиме нашите правила, рече Кастанер

Мадрид, исто така, објави оваа недела дека ќе примени мерка од две недели карантин за секој што доаѓа од странство, иницијатива која малку се допадна на Франција, која одлучи како реципроцитет да воведе иста мерка за патниците кои доаѓаат од Шпанија, дури и ако во моментов има многу мал сообраќај меѓу двете земји, исклучувајќи ги прекуграничните работници.

Речиси сите граници во рамките на европскиот простор (шенген зоната, ЕУ и Велика Британија) подлежат на ограничувања, но целта е да се отворат границите, со договор и одлука околу 15 јуни. Европската комисија во средата изрази желба за  „усогласено“ и „недискриминирачко“ повторно отворање на внатрешните граници на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале