Полицијата откри двајца осомничени за разбојништво и 22-годишник кој фалсификувал дозволи за движење

Од:

Пиштол, мобилни телефони, ранци, обувки и повеќе други предмети кои потекнуваат од кривични дела „разбојништво“, „разбојничка кражба“ и „кражба“ пронашла полицијата при претрес во дом на ул.„Никола Русински“, каде биле пронајдени осомничените С.Ј.(40) и Т.П.(41). По добиена наредба од судија на претходна постапка, мерките за претрес ги презела Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје.

Како што соопшти МВР, во вторникот (12 мај), на ул.„Радика“ осомничените со закана со пиштол ѝ одзеле ранец со предмети на Н.К., а вчера (15 мај) во 11.45 часот било пријавено дека на ул.„Варшавска“ во влез од зграда две непознати лица со закана со пиштол ѝ го одзеле мобилниот телефон на И.Л.Б.(30) од Скопје и физички ја нападнале.

СВР Скопје работи на целосно документирање на случајот по што до Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Исто така, полициски службеници од СВР Скопје, по наредба од судија на претходна постапка, извршиле претрес во дом на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, каде престојува З.Т. (22) од Битола, при што биле пронајдени предмети за изработување дозволи за движење при забрана за движење, фалсификувани документи за кредити и други предмети.

-З.Т. признал дека изработил пет лажни дозволи за движење во полициски час, со печат на два правни субјекта кои биле дадени за лицата: З.Т., М.Н., С.Л., С.Д. и М.М. По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски