Карпош ќе субвенционира енергетски ефикасни фасади, санација на покриви и лифтови

Од:

Општина Карпош ги објави јавните повици за субвенционирање енергетски ефикасни фасади, санација на покриви и постојните лифтови на станбени згради.

За субвенционирањето обнова на фасадите, поддршката од буџетот на Карпош ќе биде 30 проценти, но не повеќе од 600.000 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата.

За санација на покриви, финансиската поддршка, исто така, ќе биде 30 отсто, не не повеќе од 150.000 денари, додека за санација на постоечки лифтови ќе се субвенционира максимум до 200.000 денари.

Право на учество на јавните повици имаат сите заедници на сопственици или управители на станбени згради за колективното домување во Општина Карпош кои се евидентирани во регистарот на станбени згради во Општината како заедници на сопственици или управители.

– Локалната самоуправа го промени начинот на субвенционирање на ваков тип реконструкции и постапи по препораките од Државниот завод за ревизија. Средствата за субвенционирањето на реконструкција на фасади, покриви и постоечки лифтови се предвидени во Буџетот за 2020 година, а јавните повици се објавени на огласната табла на официјалната веб страна www.karpos.gov.mk, соопшти Општина Карпош.

Повеќе информации за условите се содржани во Јавниот повик за субвенционирање на енергетски ефикасни фасади и во Јавниот повик за санација на покриви и постојните лифтови.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира