Во март издадени 219 одобренија за градење

Од:

Во март годинава се издадени 219 одобренија за градење, за 20,9 проценти помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење,предвидената вредност на објектите изнесува 2.729.753.000 денари, што е за 11,2 проценти помалку споредено со март лани.

Најголем број дозволи за градење, 55, се издадени во Скопскиот регион, по што следи Полошкиот со 48, Вардарскиот со 33… И во овој период со најмалку дозволи за градење се Источниот и Југоисточниот, каде се седум, односно три.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 115 (52.5 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18,7 проценти) од нискоградба и 63 (28,8 проценти) за објекти за реконструкција.

Од 219-те објекти за кои се издадени одобренија за градење, на 109 (49,8 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 110 (50,2 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во извештајниот период е предвидена изградба на 228 станови, со вкупна корисна површина од 24 572 метри квадратни. Во Скопскиот регион ќе се градат 86 стана, од кои 38 во Општина Гази Баба, 22 во Кисела Вода, 17 во Карпош.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он