Јапонскиот производител на автомобили „Мицубиши“ објави првични фотографии од концептот Г4, кој ќе биде официјално претставен неделава на Саемот во Шангај.
Најновиот концепт на Мицубиши претставува најава за нов мал седан од компанијата. Автомобилот го одликува новата дизајнерска идеја на компанијата, што особено се забележува во предниот и задниот дел од возилото.
Г4 концептот има РИСЕ зајакната каросерија за која од Мицубиши тврди дека е најлесната во својата класа. За нејзина изработка е користен челик со висока цврстина.
Автомобилот е придвижуван од 1,2 литарски МИВЕЦ мотор и СВТ менувач.