Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Од:

Во првото тримесечје од 2020 година во земјава се откупени и продадени земјоделски производи во вкупна вредност од 4,29 милијарди денари што е за 2,9 отсто помалку во споредба со истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 5,1 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има зголемување за 3,1 отсто.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај овошјето и млечните производи, а намалување има кај житата, индустриските растенија, градинарските растенија, фуражните растенија, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и рибата.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници