Вонредни мерки за безбедност ќе бидат спроведени за претстојниот маратон во Лондон, но традиционалното пролетно натпреварување низ улиците на британскиот главен град нема да биде откажано, соопшти денеска министерот за спорт Хју Робертсон.
– Лондон има исклучително големо искуство во организирањето на големи спортски натореварувања, а Велика Британија располага со најдобрите безбедносни професионалци во светот – изјави министерот Робертсон.
Тој остро ги осуди двата бомбашки напади во Бостон за време на вчерашната мартонска трка, во кои досега загинаа три лица, а над 150 се пповредени.
Според британскиот министер, најдобриот начин за да се изрази солидарноста за трагичните настани во Бостон е да се одржи лондонскиот маратон, кој е предвиден за в недела.
Британскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј оддржа состанок со заменик комесарот на Скотланд Јард, Кресида Дик, и со директорот на контраразузнавачката агенција МИ-5 Џонатан Еванс на кои се утврдени дополнителни мерки за зголемување на степенот на безбедност.