Во Струга дел од училиштата без струја. Неизвесен почетокот на новата учебна година

Од:

Две Основни училишта во Струга останаа без струја. Причина се неплатени сметки за електрична енергија поради што биле исклучени од системот за напојување . Со истиот проблем се соочуваат и останатите основни училишта во општината. И тие се пред исклучување.

Ова за А1 го потврди и раководителот на секторот за образование во локалната самоуправа во Струга, Џеми Хајредини. Исклучени се дел од објектите на училиштето Асим Агуши во селото Радолишта како и еден од објектите на училиштето Браќа Миладиновци во Струга. Добивме предупредувања за исклучување на струјата и во останатите делови на овие две училишта. Со истата мака се соочуваат и другите струшки училишта.

Вчера одржавме средба со директорите на сите основни училишта во општината. Беше констатирано дека доколку не се добијат дополнителни финансиски средства од страна на министерството за образование истото ќе се случи и со нив рече Хајредини. На средбата било констатирано дека поради немање пари низвесен е почетокот и на новата учебна година во Струга бидејќи училиштата немаат струја, нафта за огрев и превоз на ученици. Тешко е да најдеме и превозник кој ќе ги вози децата бидејки една година да не земат ниту денар тоа е огромна штета за нив како претпријатија.

Имаше еден случај со еден превозник. Тој рече имам една линија за Скопје и една за ученици.Вели парите што ги земаме од превозот до Скопје, ги користиме за нафта за превоз на учениците вели Хајредини.

Некои од директорите на училиштата за неподмирени сметки кон одредени фирми се на суд, а дел од училиштата се соочуваат и со блокирање на жиро сметките. Долгот кои струшките училишта го имаат за струја, нафта и превоз на ученици е повеќе од половина милион евра. Хејредини вели дека една од причините за ваква состојба се намалените блок дотации од страна на министерството за образование поради што училиштата не можат да извршат ниту варосување на училниците.

Од Министерството за образование велат училиштата и општината по домаќински да работат и оти тие не располагале со дополнителни финансиски средства надвор од предвидениот Буџетот.

Инаку во Струга има 11 основни улилишта, во чии рамки функционираат уште 25 подрачни училишта и две средни училишта во кои учат повеќе од 10000 ученици.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“