Очевидци раскажуваат: Се слушна силен татнеж, по што автобусот почна да гори

Од:

„Се слушна силен татнеж, по што автобусот почна да гори“, раскажуваат очевидци на пожарот кој што се случи изутринава во приватен автобус кај Железничката станица во Скопје.

Во пожарот целосно се јагленисани, седиштата, воланот, а стаклата на прозорците и вратите се испукани.

Според кажувањата на очевидци на несреќата, само што пристигнал на Транспортен центар и се симнале патниците се слушнал силен татнеж и автобусот почнал да гори.

Станува збор за приватен автобус со број 45 кој сообраќа до населбата Ченто. Ниту возачот на автобусот не е повреден, кој непосредно пред избивањето на пожарот излегол од автобусот.

Пожарот е ставен под контрола од страна на екипа на Противпожарната единица на град Скопје која го гасела со две возила. За материјалната штета и причините, ќе истражува МВР, чија екипа беше на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени