Полицијата во главниот град на Бахреин, Манама упадна денеска во едно средно училиште за момчиња и употреби солзавец во судирите со учениците, кои предизикаа немири поради вчерашното апсење на нивни соученик.
Немирите избија во момент кога земјата во Персискиот Залив ги зајакнува мерките за безбедност пред мото трката на Формула 1 следната недела.
Полицијата се судри со учениците во тоа училиште, кое се наоѓа во близина на американската Амбасада во резиденцијалниот кварт на Манама, откако во понеделникот во тоа училиште е уапсен 17-годишниот Хасан Хумидан.
Во Бахреин минатиот петок повеќе илјади антивладини демонстранти одржаа заеднички протести со противниците на планираните трки на Формула 1.