Серија А ќе запре повторно доколку има позитивен резултат на коронавирус во клубовите

Од:

Сè уште не е јасно дали и кога сезоната во Серија „А“ ќе продолжи, но веќе се разгледува под какви услови ќе биде запрена повторно, ако воопшто има враќање на играта.

– Без сомнение, ако некој даде позитивен тест на КОВИД-19 во некој од клубовите, сè ќе запре. Карантинот во тимот ќе стане автоматски и целата сезона ќе биде прекината. Да го сакаш фудбалот значи грижа за луѓето кои работат во него. Единствената причина да се зборува за продолжување на Серија „А“ е нејзиното економско влијание, рече Сандра Зампа од италијанското Министерство за здравство.

Во меѓувреме, таа вели дека уште помалку е веројатно да се заврши сезоната во Серија Б, бидејќи екипите таму не се финансиски стабилни како оние во елитата да го следат опсежниот протокол за одржување натпревари.

– Одлуката зависи од министерот за спорт, Винченцо Спадафора. Колку што знам, тој самиот си даде уште една недела да процени не само во Серија Б, туку и во други тимски спортови, додаде Зампа.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

Винисиус планирал забава за 100 луѓе, на сите им ветил Ролекси

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ