За првпат во Белгија хоспитализирани помалку од 50 лица за 24 часа

Од:

Состојбата во Белгија со коронавирусот продолжува да се подобрува, соопштија здравствените власти иако е сѐ уште рано за дефинитивни заклучоци.

За 24 часа се констатирани 43 нови хоспитализации, што е за прв пат под прагот од 50, додека пак регистрирани се 65 смртни случаи, што исто така претставува пад во однос на претходните денови.

Бројот на тестирани постојано расте, а првите мерки на олабавување се на сила од вчера.

Освен есенцијалните продавници и супермаркети, од вчера работат и сите други дуќани, освен фризерници, козметички салони и други активности за кои е потребен близок контакт со клиентот.

На граѓаните им е дозволено од вчера да се собираат дома.

Од идниот понеделник, доколку продолжи надолниот тренд на инфекции, би требало да се отворат и козметичките салони, да се прошири бројката на лица со кои е дозволен редовен контакт.

За отворањето на границите пак не е планирано да се разговара пред јуни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети