Поселт: Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни или најдоцна во декември годинава

Од:

Македонија ќе има позитивен извештај од Европската комисија, а Европскиот совет на Самитот во јуни, најдоцна во декември ќе додели датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Ова во изјава за дописникот на МИА од Стразбур го истакна германскиот пратеник во Европскиот парламент Бернд Поселт, неколку минути пред неговата средба со комесарот за проширување Штефан Филе, кој попладнево ќе го објави Специјалниот извештај за нашата земја.

Според Поселт, кој е дел од групата „Пријатели на Македонија“ од Европарламентот, извештајот за кој ЕП ќе гласа идниот месец ќе биде исто така многу позитивен за Македонија.

– Ја видовте изгласаната драфт-Резолуција изгласана од страна на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) што нема да се менува и ние, помалку или повеќе ќе ја усвоиме истата и на пленарна седница на Европарламентот во мај месец. Мислам дека тоа е добар чекор напред на патот на Македонија кон евроинтеграцијата. Ако Европскиот совет даде зелено светло, не знам само дали во јуни или во декември, мислам дека годинава ќе ги почнете пристапните преговори со ЕУ, вели Поселт во изјава за МИА.

Што се однесува до претстојниот извештај на Европската комисија, кој попладнево ќе го објави комесарот Филе, германскиот европратеник вели дека истиот ќе биде многу позитивен.

– Се разбира дека ќе има неколку поенти на критика што секогаш е случај кога Комисијата лиферува извештај за некоја од земјите-кандидати или потенцијални кандидати. Критики секогаш мора да има оти ЕК проверува до детаљ што се прави земјата во својата европска интеграција, но тенденцијата ќе биде позитивна оти и јас самиот се уверив кога пред две недели бев во Македонија дека земјата има огромен напредок, локалните избори беа многу добри, одржави во фер и демократска атмосфера и мислам дека токму реакцијата на меѓународната заедница на овие избори ќе биде многу позитивна, додава Поселт.

Би можело да ве интересира

Слуцки: ЕУ ја поттикнува Третата светска војна со снабдување на Украина со оружје

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Сите ќе влеземе во ЕУ, но тоа нема да биде наскоро

Американските ракети ќе се произведуваат во Европската Унија

Песков: Русија не претставува закана за Европа и нема да започне светска војна

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел