Централна банка на Франција: Забавува економскиот пад на земјата

Од:

Економскиот пад на Франција забавува бидејќи земјата полека ги укинува карантинските мерки воведени во средината на март, иако активноста е сè уште под нормалата, објави денеска Централната банка на земјата.

Работењето на втората по големина економија во еврозоната во април беше 27 проценти под вообичаеното ниво, по пад на активноста за 32 проценти во втората половина на март, соопшти Банката на Франција, засновајќи ја својата проценка врз одговорите на деловните субјекти на месечното истражување за деловната клима.

– Можеме да целиме кон закрепнување за уште 10 процентни поени до крајот на мај, изјави гувернерот на Банката на Франција Франсоа Вилруа де Гало за радио „Франс Интер“.

Франција вчера почна со ублажување на строгите мерки воведени за борба против епидемијата на Ковид-19, и после осум недели дозволи повторно отворање на продавници за стока која не е од витално значење, како и започнување со работа на фабрики и други бизниси.

Банката на Франција не даде квартална прогноза за БДП, како што обично прави кога објавува истражување за деловната клима, со оглед на природата на тековната криза без преседан.

Сепак, Вилроа рече дека двомесечната блокада ја чинеше економијата 6,0 проценти од изгубената активност досега оваа година, но оти конечната сметка веројатно ќе биде поголема бидејќи закрепнувањето ќе биде нерамномерно.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето