Еколошка акција во Прилеп по повод денот на планетата Земја

Од:

Во сите основни и средни училишта во Прилеп ќе се спроведе еколошка акција за реклицирање хартија. Слоганот на оваа акција е: „Рециклирам значи постојам“. Денеска во сите училишта беа поставени контејнери за рециклирање хартија, а акцијата завршува на 22 април – Денот на планетата Земја.

Училиштата во соработка со локалната самоуправа и ЈКП Комуналец-Прилеп сакаат да придонесат за подигање на еколошката свест и за почиста и поздрава животна средина. Акцијата има цел да ги едуцира прилепчани за потребата од собирање и рециклирање хартија.

Покрај училиштата, во оваа акција можат да се вклучат и сите граѓани што се грижат за животната средина. Акцијата трае од денес до 22 април, кога ЈКП „Комуналец“ ќе ја собере рециклираната хартија од сите училишта во Прилеп.

Целта на еколошката акција е да се намали отпадот и да се влијае врз долгорочна промена во однесувањето кај учениците и кај пошироката јавност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница