Советничка група на ВМРО ДПМНЕ: Шилегов иако вети ревитализација на езерото Треска, три години потоа шајка нема заковано

Од:

„Градоначалникот Петре Шилегов вети дека ќе го врател сјајот на езерото Треска. Тоа е ветено во неговата програма за живот во Скопје на страница 28.

Пред локалните избори Петре Шилегов вети и напиша “ревитализацијата на комплексот.

„Треска“ е истовремено и социјална и културна мерка. Заради подобра достапност на Центарот „Треска“, ќе го интензивираме градскиот јавен превоз на градот.”

Три години потоа езерото Треска е руинирано, зафрлено, и без ниту една инвестиција за негово ревитализација“, велат од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на Град Скопје.

„Срамен потсетник на тоа колку Шилегов е неспособен и лажлив градоначалник. Петре Шилегов единствено се грижи од депонијата „Дрисла“ тендери да земаат роднините на Рашкоски без притоа да инвестира во развојот на животот на Скопјани. Три години по ветувањето за ревитализација на Треска тоа е зафрлен споменик на најнеспособниот градоначалник на Скопје.

Шилегов вети враќање на духот на Скопје, но тој го убива духот на градот. Езерото Треска не само што не е чепнато туку е и небезбедно за случајните посетители.

Шилегов веднаш да превземе мерки и инцијатива за реализација на ветеното“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка