Париз и Хаг бараат поголеми царини за земјите што не ги почитуваат стандардите на ЕУ

Од:

Франција и Холандија заеднички ја повикаа Европската унија да ја зајакне примената на еколошките и трудовите стандарди во земјите со кои спроведува трговска размена.

Иницијативата дојде откако ЕУ ги започна преговорите со Велика Британија за нов трговски договор, по нејзино повлекување од Унијата и загриженоста дека Лондон би можел да се обиде да ги заобиколи еколошките и трудови стандарди на ЕУ за да ја зголеми својата конкурентност.

Во заедничкиот предлог, во кој имал увид Ројтерс, испратен до останатите земји од ЕУ, министрите за трговија на Франција и Холандија побараа од Европската комисија да ги зголеми тарифите за оние трговски партнери кои не ги исполнуваат своите обврски во врска со одржливиот развој, како и да ги намалат царините. за оние за кои ова не е случај, пренесува Њујорк Тајмс.

Овој документ ја повикува Европската комисија почесто да ги известува членките на ЕУ за влијанието на трговските договори врз домашните индустрии и на пазарот на труд

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузираше царините за сите освен за Кина

Горан Наумовски

Канада возврати на царините на Трамп

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Трамп: Одлично време е да ја преселите вашата компанија во САД

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски