Авганистански командоси убија 22 бунтовника

Од:

Авганистански командоси во обид да фатат еден талибански водач во источен Авганистан убија 22 бунтовника, соопштија локалната полиција и американската војска.

Во потрага по талибанскиот лидер, командосите влегле во едно село во областа Бати Кот во Нангархар, при што биле убиени бунтовниците.

Заменик шефот на полицијата во Нангархар, изјави дека меѓу жртвите нема припадници на безбедносните сили или цивили.

Тој додаде дека во текот на нападот е убиен талибанскиот командант Џамал Фароки, а фатени се 10 бунтовници.

Во одвоена акција, тим од авганистански и коалициони специјалци, приведоа еден од лидерите на пакистанската организација Лашкар-е- Таиба.

Авганистан го обвини Пакистан дека се обидува да ги минира напорите за постигнување мир со Талибанците.
Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан