Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 57 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.
По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.