Вархеји: И покрај коронакризата, успеавме да го вратиме проширувањето на вистинскиот пат

Од:

И покрај кризата со коронавирусот, успеавме да го вратиме проширувањето на вистинскиот пат со нашата ревидирана методологија, што доведе до отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, истакнува еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во виде пораката по повод Денот на Европа.

– Самитот оваа недела ја потврди европската перспектива на регионот, како и засилениот ангажман на ЕУ. Би сакал да им честитам на сите наши партнери во Северна Македонија за овие достигнувања и ви посакувам среќен Ден на Европа, порачува Вархеји.

Денот на Европа, псосочува еврокомесарот, годинава го славиме во вонредни времиња на глобална пандемија на коронавирус.

– Во оваа невидена криза ЕУ регаираше брзо за да го заштити животот на луѓето, да ги зајакне здравствените системи и да ги ублажи социо-економските влијанија. Дејствуваме и на глобално ниво: од поддршка на напорите за брзо развивање на вакцина, до активности за солидарност со нашите партнери, почнувајчи од Западен Балкан. Како ЕУ обезбедивме финансиска поддршка и ги вклучивме партнерите од регионот во иницијативите на земјите членки, вели еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во видео пораката по повод Денот на Европа.

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина