Холивудската ѕвезда Кевин Костнер вчера го посети хотелот „Југославија“, каде денеска започнува снимањето на неговиот филм „Три дена за да се убие“.
– Ми се допаѓа тука. Убаво е. Не сум видел многу, бидејќи пристигнав ноќта во саботата, но се надевам дека во следните неколку дена ќе имам време за обиколка на градот – изјавил познатиот актер за српскиот весник „Блиц“.
Актерот разговарал со организаторите на снимањето од продукциската куќа, како и режисерот за сцените кои што ќе се снимаат таму во следните седум дена.
Во филмот, Кевин Костнер игра смртно болен таен агент кој, иако во пензија, одлучува да заврши уште една задача, бидејќи на тој начин ќе биде во можност да добие експериментален лек кој може да му помогне. Сепак, дрогата има негативни ефекти, па тој се соочува со халуцинација и нарколепсија.