Трет „велосипедски“ протест против словенечката Влада

Од:

Илјадници луѓе на велосипеди протестираа синоќа во Љубљана и други словенечки градови против коалициската влада на десниот центар на премиерот Јанез Јанша.

Ова е трет ваков протест во Словенија, што се одржува под слоганот „Нема да ја одземеш нашата слобода“, организиран од разни иницијативи.

Со свирчиња и извикувајќи „Крадци“, демонстрантите минаа низ централните улици на Љубљана. Повеќето од нив носеа маски на лицето во согласност со мерките против ширењето на коронавирусот.

Демонстрантите проценуваат дека мерките на Владата за време на епидемијата биле прекумерни и дека прикрила корумпирани и недемократски постапки што Владата ги преземала на самиот почеток на мандатот, оправдувајќи ги со самата епидемија.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод