Израелскиот дизајнер Амир Заид создаде електричен скутер Мув-е, кој е доволно лесен да се носи во рака и овозможува менување повеќе транспортни средства.
Идејата на Заид е скутерот да може да се спакува и лесно стави во воз, автобус или друго транспортно средство. Скутерот има цврсто тело, три тркала и одржлив енергетски систем што е доволно да ве пренесе до посакуваната дестинација, но и доволно мал да се носи во рака.
Мув-е се уште е прототип, а се смета за наследник на Сегвеј, моторизираниот транспотрен систем претставен во 2001 година.
Скутерот Мув-е ќе биде тежок меѓу 12 и 15 килограми, ќе се движи со бризна од 35 до 40 километри на час, а ќе може да мине до 11 километри со едно полнење.
Моделот што ќе биде понуден во продажба ќе може да се програмира преку мобилен телефон. Ќе има батерија од 110 или 250 волти, а достапна ќе биде и Кадилак верзија со поголема батерија предвиден за возење на поголеми растојанија.
Првите модели се очекува дасе најдат во продажба во Израел до крајот на годината, а потоа и во САД. Цената се очекува да биде меѓу 2.000 и 3.000 долари.