ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев е криминалецот број еден, тој го менаџирал „Рекет“, а Николовски е негов конселиере

Од:

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ реагираат на денешната изјава на Љупчо Николовски од СДСМ.

„Зоран Заев е криминалецот број еден, а Љупчо Николовски е неговиот конселиере и затоа тој излегува да го брани неговиот криминал.

Петардата на СДСМ буквално испука без звук. Доколку Љупчо Николовски и СДСМ сакаат да ја дознаат вистината за милионскиот рекет нека го прашаат Зоран Заев, тој го менаџирал и прикривал криминалот. Боки 13 кажа, знаел уште пред 3 април, а пријавил на 22 април.

Што правел Заев од 3 април до 22 април!? Со кого се договорал и што договарал!? Николовски и Заев можат да ја прашаат Дескоска, која ако држи до законот ќе им каже дека прикривањето на криминал е криминал, кој се казнува согласно закон.
Самиот факт што Заев го известил Боки 13 говори дека или биле заедно, или му оставил доволно време да уништи, прикрие и измени докази.

Зоран Заев е човек на кој менаџирањето на криминал добро му оди. Тој е градоначалникот кој наплаќаше 2 евра од метар квадратен во вид на мито за легализација на градежно земјиште, нешто кое требал да го прави согласно закон.
Заев е човекот кој договараше со Јово и 3 години менаџира судски пресуди во државата по принципот трас – трас.
Заев е човекот капо ди тути капи, кој менаџира и управува со правосудството три години. За таквите криминали наскоро доаѓа судот“, пишува во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка