Попоски во посета на Стразбур и Брисел

Од:

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на покана од генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ, утре во Стразбур ќе учествува на работна вечера со министрите за надворешни работи на земјите на Западен Балкан, на која почесен гостин ќе биде еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Како што соопшти МНР, во рамки на посетата, Попоски ќе има обраќање на дебатата организирана од групата Пан-Европа во Европскиот парламент на тема перспективите во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, а предвидени се и средби со повеќе европратеници.

Министерот Попоски од Стразбур заминува за Брисел каде што во среда треба да се сретне со генералниот директор за проширување во Европската комисија Стефано Санино, а ќе учествува и на работна вечера во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ на која ќе има обраќање на тема „Балканот пред портите: случајот на Македонија“.

Во рамките на посетата, предвидено е шефот на македонската дипломатијан да има работен појадок со амбасадорите, постојани претставници на земјите-членки на ЕУ во Брисел, непосредно по објавувањето на Пролетниот извештај на Комисијата за Македонија. Настанот е во организација на францускиот амбасадор при ЕУ во Брисел.

Работната посета е дел од активностите за унапредување на соработката на Република Македонија со институциите на ЕУ, во пресрет на Пролетниот извештај на ЕК, а во функција на што поскоро почнување на пристапните преговори, стои во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време