Ламборџини Венено, кој чини 3,6 милиони евра, е прогласен за најгрд автомобил на сите времиња според популарниот сајт за автомобили „Едмундс“.
Произведени се само три примероци од овој автомобил, кој развива брзина од 355 километри на час.
– Секое клише за супер-aвтомобили и секоја лоша идеја што „Ламборџини“ некогаш ја имал се ставени во овој модел. Тоа е најлошата работа од Италија, уште од времето на фашизмот. За среќа роизведени се само три, што сепак е многу, пишува „Едмундс“.
Листата на првите пет најгрди автомобили во светот на сите времиња ги содржи и „Линколн Версај“ од 1977 година, „Акура ЗДХ“ од 2010 година, „Кадилак Девил“ од 1985 година и „Понтијак Ацтек“ од 2001 година.