Кампања за превенција и заштита од семејно насилство: Охрабри се, пријави го насилникот!

Од:

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, подготви кампања за превенција и заштита од семејно насилство во вонредна состојба Ковид-19 преку која жртвите на семејно насилство и јавностa се информираат за препознавање на формите на семејно насилство, каде да се обратат и да пријават за помош и кои се постоечките сервиси за заштита на жртвите на семејно насилство.

– Тргнувајќи од уставните определби за заштита на основните човекови права и слободи и почитувајќи ги општоприфатените норми на меѓународното право за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената, вклучувајќи го и семејното насилство, Владата на Република Северна Македонија и во вонредна состојба обезбедува целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19 и ги потврдува заложбите за преземање на сите неопходни мерки за заштита на жртвите на семејно насилство, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Семејното насилство, потсетуваат од МТСП е кривично дело. Секој има право да го живее сопствениот живот безбедно и во согласност со своите потреби.

– Затоа Министерството за труд и социјална политика ги охрабрува жртвите на семејно насилство, но и сите граѓани кои се сведоци или имат сознанија за насилство, да го пријават на СОС линиите, во најблиската полициска станица, центарот за социјална работа или здравствена установа, за да можат стручните лица да постапат и да ги заштитат од сторителот на семејното насилство, се додава во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство

Три лица се уапсени за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие

Горан Наумовски

Седуммина приведени, девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Четири лица се уапсени, седум случаи на семејно насилство за 24 часа

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски