Skoda на пазарот испраќа голем кросовер којшто ќе го носи името Snowman и ќе биде поставен на платформа на новата генерација на компактниот кросовер на Volkswagen, Tiguan.
Snowman ќе биде поголем од Tiguan за цел број и ќе се нуди и во верзија со седум седишта.
Дизајнот ќе го следи новиот визуелен идентитет на Skoda кој започна со Rapid и со новата Octavia.
Под хауба на Snowman ќе работат турбо бензинци од 1.4 и 2.0 литри со распон на моќност меѓу 150 и 220 КС. Од дизелите тука е 2.0 литарскиот TDI со моќност од 150 и 184 КС.
Skoda Snowman треба да пристигне на пазарот во 2016 година и ќе се нуди по цена од околу 23.000 евра, или близу 5.000 евра повеќе од Yeti.