Вељаноски: Само силен парламент ќе овозможи реформи и контрола на власата

Од:

Парламентите се централна демократска институција во современото општество, но за да можат вистински и целосно да ја играат оваа улога во политичкиот систем тие треба да бидат почитувани од сите учесници во политиката, да имаат поголема поддршка од јавноста и медиумите и поголем респект од страна на политичките партии.

Ова го истакна Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија кое заедно со Европското движење во Македонија ја организираат дводнвената Меѓународна конференција на тема „Европската интеграција низ соработката на парламентите, граѓанското општество и независните регулаторини тела во Југоисточна Европа“, во рамки на македонското претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа – ПСИЈЕ кое се одвива под мотото Солидарност во акција.

– Само силен и почитуван парламент може да придвижи реформи во една држава и реално да врши контрола врз власта, а контролната улога на парламентите е од суштинско значење и таа не може да се остварува соодветно без постоење на независни регулаторни тела одговорни за заштита на граѓанските права и за контрола на работењето на јавната власт, рече Вељаноски во своето воведно обраќање.

Тој ја нагласи и улогата на парламентот во подготовката на земјата за евроинтеграции и усвојување на стандардите на ЕУ, но и на опасноста од негова инструментализација.

– Секоја држава минува низ периоди на демократски искушенија, па затоа мораме да бидеме целосно јасни во оној момент кога Парламентот ќе стане обична алатка за груба меѓусебна политичка пресметка губи целата земја. Во тој тажен момент на поткопување на основниот столб на демократијата и поредокот најмногу се изневеруваат граѓаните. Тогаш се доведува во прашање смислата на изборната компетитивност и на политичката коректност, а конструктивноста станува мисловна именка. Затоа мојата порака и повик е недвосмилен – да ги консолидираме заедничките сили и да го зајакнеме Парламентот, во него да расправаме конкретно и директно, да ги донесеме потребните закони и да ги спроведеме реформите, постојано да ја контролираме власта и будно да ја следиме примената на законите. И се разбира, да ги дополниме законските механизми и алатки за да го направиме сето ова, рече Вељановски.

Тој при тоа укажа на донесениот Закон за Собранието, новиот Деловник, а за подобро меѓусебно почитување ја нагласи потребата од донесување Етичкиот кодекс на однесување кој е веќе подготвен.

Според евроамбасадорот Аиво Орав Парламентот има важна улога во секоја земја, била да е во ЕУ или не. Им служи на граѓаните, го унапредува владеење на правото во земјите на ЕУ, а тоа се стандарди кои мора да ги усвојат земјите аспиранти.

– Во тој контекст го поздравувам враќањето на опозицијата во Парлантот, учеството на локалните избори како резултати на договорот од 1 март и се навдевам дека сите негови одредби ќе бидат имплементирани што е можно поскоро, а ова пред се се однесува на востановување анкетна комисија за случувањата од 24 декември и потпишување на меморандум за разбирање, рече Орав.

Амбасадорот на САД Пол Волерс исто така го потенцира значењето на силните парламенти кои, како што рече, и даваат живот на демократијата и слободите и притоа укажа на важноста од користење на туѓи искуства.

– Платформите за регионален дијалог ќе ви овозможат мрежа од лекции и искуства за да учите од другите кои се соочувале со слични предизвици, а тоа го овозможува Процесот на соработка во ЈИЕ. Владата на САД останува посветена да и помогне на Македонија во овој процес, рече Волерс.

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими истакан дека работата врз пристапувањето на Македонија кон ЕУ не е должност само на Владата, бидејќи, според него, патот на европските интеграции не може да се изоди без активно учество и поддрша на сите политички актери.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за учебници

А1он

Предлог на законот за средно образование по барање на Владата е повлечен од собраниска процедура

Горан Наумовски

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025