По седум недели пазарен ден во Тетово

Од:

По прв пат од 19 март имаше пазарен ден-четврток на тетовскиот зелен пазар. Кризниот штаб во март донесе одлука за да се намали ризикот од ширење на коронавирусот во денот кога има најголема фрекфренција на луѓе. Пазарот во останатите денови работеше.

Пазарџиите со кои разговаравме велат дека добро е што и пазарниот ден имаат можност да продаваат со оглед на намалено движење на граѓаните.

-Има луѓе кои не можат да дојдат на пазар за да набават овошје и зеленчук. Другите денови се работеше но и помалку има движење и купувачи. За купувачите е скапо, меѓутоа за нас се ниски цените. Еве младиот компир има популарна цена, се продава 3 клилограми за 100 денари. Доматите се продаваат и за 50 денари, посочија продавачите на зелениот пазар.

Освен главниот зелен пазар работата беше овозможена и кај ткн. Женски пазар како и сите отворени и затворени места за пазарување.

-За превенција од коронавирусот има редари кои грижат и за дезинфекција на пазарите, посочија од општина Тетово.

Пазарниот ден е време кога свои производи нудат и иземјоделци кои продаваат домашна органска храна, добиток, украсни птици, цвеќе и сточна храна.

Би можело да ве интересира

48-годишен маж од Тетово е осомничен за посредување во проституција

Горан Наумовски

Тетовчанец ја истепал сопругата и двете малолетни деца

Биљал Касами ќе оди по нов градоначалнички мандат во Тетово

Катерина Ѓуровски

Уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово, осомничени се за силување на две малолетнички

Мечка нападна жена во атарот на тетовското село Синичане

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил