Расмунсен: Следниот потег на Пјонгјанг е непредвидлив

Од:

Генералниот секретар на НАТО Андерс Расмунсен предупреди денеска дека „непридвидливоста“ од следниот потег на Северна Кореја во ек на тензии на Корејскиот полуостров може да претставува „најголем ризик“ за безбедноста во таа област и повика на дијалог со цел решавање на постоечката ситуација.

– Немањето дијалог и непредвидливоста како и неизвесноста може да претставуваат најголем ризик, изјави Расмунсен во интерју за јапонски медиуми.

Додаде дека затоа е толку важно да се покрене повторно дијалог и изнаоѓање мирно решение за судирот. Тензиите во регионот се зголемени заради стравување дека Пјонгјанг може наскоро да лансира ракета.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски