Велешкиот театар најави прв интернет-проект „Тој и Таа“

Од:

Театарот „Јодан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес најави прв интернет-проект „Тој и Таа“ – производ на културата во време на физичка изолација и настанат преку вмрежување на интернет-платформи и изведби. Предвидени се дванаесет епизоди кои театарот еднаш неделно, почнувајќи од оваа сабота (9 мај) и во ист термин (20 часот) ќе ги поставува на својата веб-страница.

Од Велешкиот театар наведуваат дека овој нивни уникатен проект е уметнички одговор на кризата, чија цел е преку максимално користење на комуникацијата која ја овозможува интернетот да се истражува изведбеноста во нестандардни облици.

Проектот е направен на тој начин што пробите се изведуваат онлајн, потоа, актерите се снимаат себеси (најчесто со своите мобилни телефони) и на крајот, во процесот на монтажа, се обликува видеодијалогот. Приказната ја носат шест парови чии меѓусебни односи интермедијално се поврзуваат во единството на карантинската приказна.

Режисер на проектот е Деан Дамјановски, драматургијата е на Сашо Димоски, а видеодизајнот и монтажата на Филип Коруновски.

Во проектот учествуваат актерите: Благојчо Стојанов, Талија Настова, Васил Зафирчев, Славица Манаскова, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Зорица П. Панчиќ, Симона Димковска, Слободанка Чичевска, Жарко Спасовски, Исидор Јованоски и Кети Борисовска.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка