Екипата на ПСЖ донираше 100.000 евра за добротворна акција за погодените од пандемијата од коронавирусот.
Францускиот шампион објави дека волонтерите на клубот помогнале во добротворна фондација при „дизајнирање, склопување и складирање на материјали и здравствена опрема за оние кои се под најголем ризик“.
Повеќе од 2.000 луѓе имаа корист од понудената помош.
Претседателот на ПСЖ, Насер ал-Хелаифи рече дека „обемната работа на добротворната организација во многу области е поважна од кога и да било“.