Проштална средба на министерот Димитров со амбасадорот Томас Герберих

Од:

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров го прими во проштална средба, амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Томас Герберих.

Во оваа пригода, министерот Димитров ја истакна значајната улога на амбасадорот Герберих во развивањето на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Германија, како и неговата професионалност и лична посветеност за унапредување на соработката во повеќе области. Потенцираше дека Германија традиционално се вбројува во најважните надворешно-политички и економски партнери на Северна Македонија, укажувајќи при тоа и на фактот што, токму во изминатите три години билатералните односи забележаа огромен напредок. Зголемувањето на заемната економска соработка и меѓусебната трговија ја прави Сојузна Република Германија најголем надворешнотрговски партнер на Северна Македонија.

Министерот Димитров воедно, се осврна на континуираната и безрезервна поддршка и улогата на Германија во полза на евро-атлантските и европските интеграции на Северна Македонија, што резултираше со неодамнешното заокружување на приемот во НАТО и одлуката на Европскиот Совет за почеток на преговори за членство со нашата земја. Истакнувајќи дека Северна Македонија длабоко ја цени поддршката од Владата и од сите политички актери во Германија, Министерот се заблагодари за искреното пријателство и посветениот ангажман на амбасадорот Герберих во овој контекст.

Посакувајќи му среќа во заокружувањето на неговата повеќедецениска дипломатска кариера, МНР Димитров истакна дека, иако со тешко срце испраќаме драг пријател на Северна Македонија, уверени сме дека Германија ќе продолжи да биде силен поддржувач на нашата земјата на европскиот пат.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија