Предлог парични казни за четири лица кои го прекршиле полицискиот час во Берово

Од:

Основното јавно обвинителство Берово поднесе предлози за издавање казнен налог за четворица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест КОВИД – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да определи парична казна за обвинетите лица од по 10 или 20 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он