Се укинуваат рестриктивните мерки и во дел од земјите на Блискиот Исток

Од:

Иран дозволи повторно отворање на џамиите во 132 градови, каде верските објекти беа затворени поради пандемијата со коронавирус.

Џамиите ќе бидат отворени во градовите со мал ризик, но не и во Техеран и во шиитскиот свет град Мешад.

Но, и покрај тоа, иранскиот претседател Хасан Рохани ги предупреди граѓаните да се подготват за полоши сценарија.

Властите во Либан дозволија повторно отворање на рестораните и фризерските салони, но само за 30 отсто од капацитетите.

На граѓаните ќе им биде дозволено да шетаат покрај море во текот на денот.

Египет дозволи ограничено отворање на хотелите за домашните туристи.

Хотелите ќе работат со 25 отсто од капацитeтите и мора да спроведат низа здравствени мерки.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток

Путин предупреди: Блискиот Исток е на работ на општа војна

(ВИДЕО) Предупредување од Иран до американските сојузници: Не им помагајте или вие сте следни

Катерина Ѓуровски

САД: Подготвени сме да испратиме дополнителни воени сили на Блискиот Исток за кратко време

Бајден: Можна е општа војна на Блискиот Исток, но можно е и да се дојде до решение

Горан Наумовски

Бајден: САД прават се за да спречат избувнување на поширок конфликт на Блискиот Исток