Вториот круг од локалните избори во Франција најверојатно ќе се одржи на крајот од јуни

Од:

Вториот круг на локалните избори во Франција, чиј прв круг се одржа на 15 март, можно е да се одржи на 21 или 28 јуни, најави министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, оставајќи ја можноста во септември да има целосно прегласување.

– Правилото беше изгласано со Законот од 23 март, на 23 мај ќе треба да претставиме извештај пред Парламентот за состојба во земјата, а научниот совет ќе каже дали може да се одржи вториот круг од изборите во 5.000 од 35.000 општини кои не ги избраа целосно општинските совети при првиот круг од изборите, изјави Кастанер за радиото РТЛ.

Одлуката за дали тоа ќе биде на 21 или на 28 јуни ќе биде донесена заеднички со Парламентот.

Сепак, Министерството за внатрешни работи на Франција ја разгледува и можноста вториот круг од изборите да се одржи на крајот од септември.

Додека во општините каде новите општински совети беа избрани тие треба што е можно побрзо да почнат со работа кон крајот на мај или почетокот на јуни, кога состојбата со коронавирусот ќе го дозволи тоа.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата