Османи-Едштадлер: Реафирмирана силната австриска поддршка за интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Од:

Австрија ја гледа нашата земја и земјите од Западен Балкан како дел од семејството на ЕУ и дека и понатаму ќе продолжат со силна поддршка за нашаљта евроинтеграција, истакнала министерката за Европа на Република Австрија, Каролине Едштадлер на видео-конференциска средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Како што соопшти СЕП,  на почетокот на средбата вицепремиерот Османи ја искористи приликата да и се заблагодари на министерката Едштадлер за нејзината лична поддршка и за поддршката на Владата на Република Австрија, што во пандемиски услови кога сите беа фокусирани на настанатата криза, тие силно ја поддржаа одлуката за започнување на преговори на Северна Македонија со ЕУ. Воедно Османи и изрази благодраност и за поддршката во борбата против КОВИД-19, потенцирајќи дека само со заендични сили можеме успешно да се справиме со настанатата криза.

Министерката Едштадлер, се посочува, го спомна и новиот пакет подршка од ЕУ во износ од 3,3 милијарди евра, предвиден за најава на претстојниот Самит во Загреб.

Меѓу другото, се додава, соговорниците дискутираа околу очекувањата од претстојниот Самит „ЕУ-Западен Балкан“ што ќе се одржи во Загреб на 6 мај, околу преговарачката рамка и Извештајот за напредокот што ЕК треба да го објави на почетокот на наредниот месец.

За време на видео – средбата  вицепремиерот Османи во однос на преговарачката рамка која се очекува да биде презентирана од страна на Европската комисија на почетокот на јуни потенцираше дека таа се смета за најважен документ и треба внимателно посветување на утврдените позиции на земјите членки како и усогласување на истите со нашата земја со цел, како што наведува, во иднина да имаме лесен и непречен тек на преговорите.

-Во периодот кој ни претстои треба посветено да продолжиме да работиме и лобираме, со цел преговарачката рамка да биде поволна за сите, бидејќи во моментот кога истата ќе биде усогласена веќе нема простор за менување на правилата, додаде Османи.

За време на разговорот соговорниците заеднички се согласија дека претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан претставува исклучителна прилика и можност за лидерите од регионот и ЕУ  да ги зајакнат своите односи и да разговараат за главните политички и економски предизвици со кои се соочуваат, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата