„Заедно за Струга“ денеска на мирен протест побара трет изборен круг

Од:

Стружани денеска на мирен протест што го организира коалицијата „Заедно за Струга“ побараа поддршка од Управниот суд на Република Македонија, во однос на жалбите што ги поднесе за изборните нерегуларности на локалните избори што се одржаа во оваа општина.

Според претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Перо Петкоски, во Струга треба да се спроведе трет изборен круг, на кој на демократски и фер начин ќе се избере градоначалник на општината.

– Бараме Управниот суд да донесе одлука во наша полза односно очекуваме позитивен одговор на нашето барање и прогласување на вториот круг од локалните избори за нелегитимен, со тоа што би дошле до израз сите неправилности кои се случуваа на денот на изборите. Очекуваме трет изборен круг кој ќе биде фер и на кој ќе побди подобриот, изјави Петкоски.

Како што додаде тој, коалицијата „Заедно за Струга“ ќе продолжи да функционира и натаму за доброто на градот.

– Коалицијата  ја создадовме за подолго време и ќе продолжиме заедно да работиме за доброто на Струга. Ќе даваме критики секогаш кога некој ќе работи против доброто на градот, а ќе ги поддржуваме сите добри работи кои се од интерес на Струга и нејзиниот развој, додаде Петкоски.

На вториот круг од локалните избори што се одржа на 7 април, коалицијата „Заедно за Струга“ забележа бројни нерегуларности во текот на гласањето како што се семејно и групно гласање, нарушување на тајноста на гласањето, полнење на гласачки кутии, гласање во име на друго лице, како и попречување на работата на набљудувачите на изборниот процес.

Државната изборна комисија прифати само два приговори од коалицијата македонски партии во Струга, а ги отфрли останатите дваесеттина, поради што, оваа коалиција ги обжали решенијата на ДИК во Управниот суд.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно