Помпео: Постојат многу докази дека Ковид-19 потекнува од лабораторија во Вухан

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека постојат многу докази дека новиот коронавирус потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан, а не од пазар.

– Постојат бројни докази дека таму се почнало. Уште од почеток зборувавме дека вирусот потекнува од Вухан, истакна Помпео за Еј Би Си.

Меѓутоа, тој не кажа директно дали според него коронавирусот е намерно проширен.

Помпео додаде дека нема причина да се сомнева во ставот на американските разузнавачки служби дека Ковид-19 го создал човекот и дека вирусот не е генетски модифициран.

Според него, кинеската страна не дозволува пристап до важни информации и ова не е првпат светот да биде изложен на вирус поради, како што вели, „пропуст во работата на кинеските лаборатории“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија