ФОТО: „Езерото“ меѓу населбите Сењак и Дузлак во Штип

Од:

Последните поплави што го зафатија Штип кон крајот на февруари создадоа редица проблеми за локалните власти.  Еден од нив е и  „езерото“,  кое се создаде меѓу населбата Сењак и Дузлак .

По неколкуте неуспешни обиди на ЈП „Стипион 2011“ да го пробие  запушениот канал,  кој беше причина за создавањето на ова „езеро“, во вторникот тие побараа помош од комуналното претпријатие „Хидро водовод“ од Кавадарци.

Според изјавата на директорот на ЈП „Стипион 2011“, Тони Јовев, дадена за локалните медиуми, со механизацијата со која располага комуналното претпријатие „Хидро водовод“ од Кавадарци, каналот требаше да биде исчистен за еден ден, со што водата од „езерото“ би завршила кон реката  Брегалница. Јовев уште додаде дека во иднина ќе мора да се изработи проект за изградба на мост меѓу овие две населби со што овој проблем конечно би бил решен.

[nggallery id=170]

Пет дена подоцна состојбата со „езерото“ не е променета. Единствената „придобивка“ од активностите  преземени од страна на ЈП „Стипион 2011“ од Штип е раскопаниот пат што ги поврзува населбитеСењак и Дузлак.

Овој проблем  добива сè поголеми размери од причина што вештачки создаденото езеро е во непосредна близина на ОУ „Тошо Арсов“ во Штип, од каде што секојдневно поминуваат неколку стотици ученици. Родителите стравуваат за безбедноста на своите деца и укажуваат на опасноста од ширење на заразни болести,  кои можат да се појават со подобрувањето на временските услови.

На штипјани им останува да чекаат кога проблемот со „езерото“ ќе биде решен, а протокот на сообраќај на патот што ги поврзува населбитеДузлак и Сењакќе биде нормализиран.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски