Во американскиот воен затвор, во заливот Гвантанамо на Куба дојде до судир помеѓу чуварите и затворениците, откако управата се обиде да ги премести штрајкувачите со глад во друга просторија- изјавија официјални лица.
До инцидентот дошло по издавање на наредбата, дел од затворениците да се преместат во една ќелија за да може управата внимателно да ги набљудува во текот на штрајкот со глад, соопшти армијата на САД.
Во соопштението на американската војска од Мајами, се наведува дека затворениците возвратиле со импровизирано оружје, по што чуварите употребиле гумени куршуми и го смириле нередот. Војската на САД наведе дека нема повредени во судирот.
Во американскиот воен затвор на Куба има 166 затвореници. Според војската на САД 43 штрајкуваат со глад, додека нивните адвокати наведуваат дека бројот е многу поголем.
Елена Георгиевска