Прилепските фризери и бербери во хуманитарна мисија за Трескавец

Од:

Во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска ќе се одржи хуманитарна акција за обнова на манастирот Трескавец. Прилепските бербери и фризери од 10 до 17 часот ќе им ги нудат своите услуги на посетителите за 100 денари.

Во акцијата се вклучуваат 25 реномирани фризери и бербери од Прилеп преку регионалната занаетчиска комора, а тие очекуваат на повикот за учество да им се придружат и колеги од другите градови. Посетителите може да донираат и без да ги користат услугите на еснафот.

Собраните средства ќе бидат наменети за обнова на манастирот Трескавец. Ова е прва од ваков вид манифестација на овој еснаф кој се вклучува во мисијата за помош на манастирот чии конаци изгореа во пожарот на 4 февруари.

Соорганизатор на хуманитарната акција е прилепската локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Мариово и Трескавец меѓу петте финалисти за најдобра европска филмска локација

Жарко Настоски

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!