Граѓаните на Венецуела денеска избираат меѓу Николас Мадуро, кој ќе се обиде да ја продолжи политиката на неодамна починатиот Уго Чавез, додека кандидатот на опозицијата Енрике Каприлес ќе се обиде да добие поддршка за промени.
Кратката и жестока предизборна кампања, по смртта на Чавез на 5 март, ја одбележаа меѓусебните навреди и обвиненија.
Мадуро, кој беше именуван од Чавез за негов политички наследник, значително води според анкетите, и вети дека ќе ја продолжи социјалистичката револуција.
Каприлес потренцира дека на земјата и требаат промени. Тој вети дека ќе ги задржи социјалните програми на Чавез, но оти во исто време ќе води политика поповолна за развој на бизнисот, по примерот на Бразил.