Истрага против криумчарење на дрога од Србија и Хрватска

Од:

Канцеларијата за борба против корупцијата и организиран криминал, на Хрватска денес започна истрага против 13 државјани на Хрватска и двајца на Србија, поради сомнеж дека како припадници на здружение, неовластено произведувале и продавале дрога.

Во соопштението се наведува дека тие заедно со уште четири лица од Бих и Црна Гора, од крајот на 2012 до 12-ти април 2013 година, на подрачјето на Хрватска, БиХ и Црна Гора во заедничко дејствување поврзале повеќе лица со точно одредени улоги и задолженија, за континуирана набавка и криумчарење на поголеми количини на кокаин, хероин, марихуана и амфетамин од Албанија преку Црна Гора и БиХ во Хрватска.

Останатите осомничени во согласност со претходните договори биле задолжени за преземање и превоз на наркотиците од Црна Гора и БиХ во Хрватска, како и нејзина натаможна продажба на подрачјето на Хрватска.

УСКОК на своите интернет страници, објави дека во текот на приведувањето на осомничените, запленети се 17,5 килограми марихуана и 523 грама хероин.

Поголема количина наркотици која требало да биде прокриумчарена во Хрватска е пронајдена и запленета во Црна Гора и БиХ.

Полицијата на Хрватска, БиХ, Црна Гора и Србија во вчерашната заедничка акција против криумчарите на дрога притвори 50 лица. Во Хрватска на подрачјето на Загреб, Дубровник и Сплит приведени се 15 лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Снег паѓа во северозападна Хрватска