Електронски рецепти за хронично болните, нема потреба да се оди на лекар

Од:

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев денеска го претстави новиот таканаречен „електронски рецепт“, со кој хронично болните лица повеќе нема да имаат потреба да одат на матичен лекар за да подигаат рецепти.

„Корисниците ќе треба само телефонски да исконтактираат со матичните лекари и тие ќе ги известат кога ќе биде готов нивниот електронски рецепт. Потоа, лицето со лична карта ќе може само да оди во аптека која има договор со Фондот, со документ за лична идентификација и да го подигне лекот. Тоа ќе може да го стори и друго лице, наместо нив“, изјави Дончев.

Тој рече дека овој систем ќе важи од 1 мај за сите хронично болни, а ќе продолжи да функционира и по пандемијата на коронавирусот, за сите останати осигуреници.

„Со ова се рационализира целиот процес, матичните лекари ќе немаат потреба да издаваат хартиени рецепти. Преку дигитализацијата на рецептите ќе се следи и обемот на издадени рецепти, а со тоа и да се детектираат евентуални злоупотреби“, рече Дончев.

Процесот за издавање е-рецепт е следен:

Осигурено лице се појавува кај својот матичен лекар за да му пропише лек за акутна состојба со внес на потребните податоци во софтверот на матичниот лекар, што е исто како и досега. Пропишаниот лек се проследува до Мој термин, а потоа и до Фондот за контрола каде на софтверот на матичниот лекар се враќа информација за неговата валидност, односно дали е на товар на Фондот.

За пропишување на хроничен рецепт, осигуреното лице не мора да се појави кај матичниот лекар, туку може телефонски да побара пропишување на лековите за хронична терапија. Матичниот лекар му пропишува хроничен лек со внес на потребните податоци во софтверот на избраниот лекар.

Пропишаниот лек се проследува до Мој термин, а потоа и до Фондот каде на софтверот на матичниот лекар се враќа информација за неговата валидност, односно дали е на товар на Фондот. Матичниот лекар само за пропишување хронична терапија нема потреба од издавање на хартиен рецепт.

Процесот во аптеките останува како и досега, со тоа што:

  • Лицето во аптека кое бара лек се идентификува со документ за лична идентификација
  • Аптекарскиот стручен кадар иницира проверка по рецептот, дали е валиден, дали е претходно реализиран итн.
  • По издавањето на лековите аптеката веднаш го евидентира и означува рецептот за реализиран во новиот систем (нема да е дозволено одложено евидентирање)
  • Аптеката ќе добие одговор за успешноста на валидацијата, дали рецептот е реализиран на товар на Фондот, по што реализираниот рецепт нема да може повторно да се искористи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од две милијарди денари на ФЗО

Горан Наумовски

На почетокот на идната година ново проширување на позитивната листа лекови, најави Таравари

Tаравари: Деветте нови лекови на позитивната листа во аптеките ќе можат бесплатно да се земаат од 16 септември

Клековски: Од 16 септември функционална новата позитивна листа на лекови

Горан Наумовски

Мицкоски: Со новото проширувањето на позитивната листа на лекови ќе бидат заштедени милиони евра пари на граѓаните

Позитивната листата на лекови е дополнета благодарение на СДСМ, велат од партијата