КСС: Неприфатлив е односот на дел од државните органи во делот на социјалниот дијалог во време на пандемија

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС изразува загриженост за, како што велат, лошите економски и социјални состојби вкупно во државата и особено за поголемиот дел од работниците чии месечни примања не обезбедуваат ниту минимален животен стандард за нивните семејства.

– Загриженоста на КСС е уште пооправдана ако се има во предвид фактот дека се повеќе работници го губат своето работно место, а економските показатели покажуваат постојано влошување на состојбите, што е сосема спротивно од очекувањата, а особено и ветувањата на Владата, соопштија од КСС.

Оттаму посочуваат дека континуирано сериозно укажувале и барале итно да се изнајдат решенија за надминување на ваквите состојби, но за жал, додаваат, одговорните државни органи не преземаа доволно сериозни мерки за излез од оваа ситуација.

– Особено е неприфатлив односот на најголемиот дел од државните органи, особено во делот на социјалниот дијалог и партнерство во време на пандемија кога сите заедно треба да помогнеме што побрзо да се стави крај на ваквите штетни влијанија врз економскиот и социјалниот живот на граѓаните, потенцираат од КСС.

Тие укажуваат на сериозно кршење на одредби на закони и колективни договори, за што постои опасност, за што укажале и претходно за еднострано суспендирање на Законот за работни односи и колективните договори, каде што децидно е регулирано дека корекциите се вршат со заеднички договор со социјалните партнери на конкретно ниво.

Од КСС алармираат дека земјава станала единствен пример во регионот и пошироко, каде што местото и улогата на синдикатите кои се регулирани со највисоки меѓународни документи (конвенции), како и со највисоки правни документи во нашата држава (Устав и Закон за работни односи) тотално не се почитуваат од страна на Владата.

– Еден од проблемите што ескалира во последните неколку дена е прекинувањето на рабоните односи на илјадници работници, а Владата со нејаснотијата и хаосот кој што го прави со уредбите кои што ги носи, само придонесува овој проблем да се зголемува и да создава уште поголем страв кај сите работници во однос на нивниот економски и социјален статус, велат од КСС.

Подолгиот период на формален, а не суштински социјален дијалог и партнерство, непостапување на одредени државни органи во делот на почитувањето на Законите денес, додаваат од КСС, исплива на површина со неможноста на воспоставување на контрола кога највеќе ни е потребно, па се случува своевиден феномен на хаотична состојба, каде што едно се ветува друго се прави, неможност да се воспостави фер и коректен дијалог, а сето тоа, велат, придонесува наместо поефикасно да се справуваме со пандемијата и во делот на солидарноста за зачувување на работните места и во делот на заштита и безбедноста на работните места, па и заштита на сите граѓани во државата ние од ден на ден слушаме за едни исти уредби со спротиставени насоки, што секако носи несигурност кај секого од нас.

– КСС јавно и јасно и во оваа прилика по повод Денот на трудот изјавува дека никогаш нема да остапи од улогата што ја има како вистинска организација на работниците кои доброволно се членови во здружените грански синдикати, дека нема да ги напушти принципите усвоени на основачкиот конгрес во 2005 година, како и меѓународните документи и Законите кои се во сила во нашата држава. КСС во рамките на своето делување и во соработка со други легитимни граѓански организации, во недостаток на вистински социјален дијалог и партнерство кое треба да го промовираат токму државните органи, континуирано испраќа одржливи предлози до Владата со цел на поефикасно и побрзо надминување на здравствената криза за која сега сме сведоци дека се претвори во економска, а доколку во многу кус период не се надминат стереотипите во власта ќе се претвори долгорочна социјална криза, се вели во соопштението.

Од КСС се надеваат дека овие пораки ќе бидат сфатени од сите одговорни органи или поединци на сите нивоа на функционирање на власта.

– Во спротивно во името на солидарноста уште еднаш предупредуваме како вистински заштитник на работниците многу брзо ќе одговориме на соодветен начин, но овојпат со сите работници кои што ги губат рабтните места затоа што во времето што помина и времето што доаѓа се повеќе се препознава вистинскиот синдикат и вистинските и искрени борци за работничките права, наведуваат од КСС.

КСС на сите работници им го честита Меѓународниот ден на трудот.

Би можело да ве интересира

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“