Карзаи: Виновни се талибанците, но и американската војска

Од:

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска изјави дека за смртта на 17 луѓе, од кои 12 деца, убиени во минатонеделниот воздушен напад во источниот дел на земјата, виновни се талибанските бунтовници и американската војска.

Изјавата на Карзаи уследи по конечната истрага за нападот од 6 април при што загинаа 12 деца, четири жени и еден маж. Во нападот загина американски државјанин, кој работел како советник во цивилна служба.

Во извештајот се наведува дека американскиот напад бил преземен откако екстремистите ги нападнале припадниците на авганистанската разузнавачка служба кои се обидувале да уапсат двајца команданти на бунтовниците во провинцијата Кунар.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан