Видеопорака за одбележување на Светскиот ден на танцот

Од:

Скопје танцовиот театар и студентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ со видеопорака го одбележаа Светскиот ден на танцот.

Во подготовката на видеото учествуваа танчарите на Скопје танцовиот театар – Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Тринга Хиса и студентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, Бобан Русески, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Тереза Лазарев, Исидора Краљевска, Борис Богдановски и Ивана Балабанова.

-На сите љубители на танцот, на нашата верна публика, партнери и долгогодишни пријатели, со големо задоволство им го честитаме Светскиот ден на танцот. По овој повод, танчарите на Скопје танцовиот театар подготвија видеопорака, насловена „Збор“, за да го одбележи денот кој за нас има огромно значење во овие моменти. Ги поздравуваме пораките кои за оваа пригода ги упатија нашиот реномиран балетски уемтник Александар Хаџиманов, како и Грегориј Вујани Макома, кореограф од Јужна Африка, кој испрати интернационална порака, и со ова видео, на свој начин сакаме да придонесеме за одбележување на овој ден, изјави Рисима Рисимкин, кореограф и уметнички директор на Скопје танцов театар.

За денеска беше планирано официјално затворање на 16-тото издание на „Танц фест 2020“ и свечено одбележување на 30-годишниот јубилеј од постоењето современа танцова сцена во земјава, но поради коронавирусот настаните се одложени за наесен.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска